Екипата на Струга Трим Лум ремизираше против Тиквеш со резултат 1:1 во Првата Македонска фудбалска лига. Првиот натпревар од пролетниот дел на сезоната се одигра во Кавадарци.
Во 43 минута по голот на Мишов домакините влегоа во водство, а гостите израмнија со голот на Кочоски во 88 минута од натпреварот.
Срѓан Захариески, тренерот на стружани изјави дека ова е реален резултат.
– Честитки до сите играчи на натпреварот, кој според мене беше над нашиот фудбалски просек. Најпрвин би сакал да им честитам на екипите во однос на борбата на терен, акциите, случаите и пред сè убавите голови, што вреди да се истакне оној на нашиот играч Валентин Кочоски. Можам да кажам дека имавме повеќе од играта и создадовме шанси, но кога ќе направиме резиме, мислам дека ремито е реален епилог, со оглед на тоа што бевме во негатива во текот на првото полувреме, изјави Захариевски.
За сега, Струга е на водечката 18 позиција со 38 бодови, еден повеќе од Шкупи на втората позиција. Во следното коло од шампионатот играчите на Захариевски на 25 февруари ќе го пречекаат составот на Македонија Ѓорче Петров.