Заканата за концертите на Тејлор Свифт беше многу сериозна, целта на осомничениот била публиката

Целта на осомничениот за тероризам кој е упасен од страна на австриската полиција била да има што повеќе жртви меѓу публиката на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Ова денеска го објавуваат австрискире медиуми повикувајќи се на изворите во истрагата.

-Основниот мотив на осомничениот за тероризам, чија цел бил еден од концертите на мегаѕвездата Телјор Свифт во Виена, било убивање на што е можно повеќе луѓе, објави денеска австрискиот весник „Кронен цајтунг“.

Сите три концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена се откажани, откако полицијата уапси две лица осомничени за планирање напади. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Северна Македонија. Се трага по уште три лица.

Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, го опиша 19-годишниот уапсен во Терниц како „непосреден главен сторител“, додека второто уапсено лице е 17-годишник, пренесува Австриската новинска агенција АПА.

При вчерашниот претрес на куќа запленети се повеќе хемиски супстанци и технички средства. Тие сега ќе се оценуваат. Според Руф, пред само неколку недели, осомничениот дал заклетва за лојалност кон актуелниот водач на терористичката Исламска држава на Интернет.

– Двајцата уапсени се родени во Австрија, родителите на 19-годишникот имаат корени од Северна Македонија, а мајката на 17-годишната е Австријка, изјави генералниот директор за јавна безбедност Руф.

Апсењата на двајцата, според Руф „ја минимизираа заканата за оваа мала група“, а откажувањето на концертите на Тејлор Свифт беше „одлука и одговорност на организаторите“. Руф потврдува дека имале дојава од странски служби, по што била спроведена истрага во комбинација со сознанијата на австриската разузнавачка служба.

Второто апсење, според австриските медиуми, е извршено вчера попладне во Виена, но сѐ уште нема информации за осомничениот.

Изворите во истрагата наведуваат дека очигледно 19-годишникот сакал да направи експлозив и за таа цел земал хемикалии од своето работно место.

Претходна вестСо пари од ЕУ се договара реконструкција на зградата на Поштата како симбол на брутализмот
Следна вестИзлетал од мостот кај Градскиот базен во Велес и паднал на шините на пругата, тешко повреден возач