Претседателот на Собранието, Африм Гаши за 10 јануари ја закажа 29. собраниска седница. На дневниот ред има пет точки колку што има интерпелации. Прва точка е Интерпелацијата за работата на заменик – претседателот на Владата и министерот за животна средина и просторно планирање, доставена од патеници на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, (ДУИ). Пратениците на ДУИ во Интерпелацијата напишале:
-Изет Меџити, како прв заменик – претседател Албанец на Владата и претставник на албанскиот народ во владата, е одговорен за управувањето со ситуациите кои се случуваат во земјата вклуувајќи ги меѓуетничките односи. Наместо да делува како гарант за мирот и меѓуетничката интеграција, тој не успеа да ги заштити интересите на албанската заедица и да придонесе за зачувување на општествената хармонија. Напротив, тој толерираше дискриминација и молчеше за неправдите кон оваа заедница, напишаа дуи во Интерпелацијата за Меџити.
Втора точка на дневниот ред е Интерпелацијата за работата на заменик – претседателот на владтлал и министерот сза односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ, поднесена од пратеници на ДУИ.
Интегративците бараат одговорност од Стоиќковиќ затоа што според нив, дозволил ситуацијата да ескалира, со што се создала атмосферана тензија и поделби меѓу етничките групи. Во интерпелацијта за Стоиљковиќ, интегративците напишаа:
-Неприфатливата интервенција на полицијата за време на прославите на Денот на албанското знаме беше повеќ од непотребна. Наместо да го одржи јавниот ред и безб едност, таа создаде напнатости и создаде конфронтациона клима. Министерот Стоиљкоиќ не реагираше на ова неприфатливо дејство, кое го наруши правото на граѓаните Албанци да го прослават овој симболичен датум без пречки, пишува во Интерпелацијата за Стоиљковиќ.
Трета точка на дневниот ред на седницата е Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратениците на ДУИ. Во Интерпелацијата тие напишаа:
-Министерството за внатрешни работи не успеа да преземе мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните и за заштита на нивните права на еднаков начин. Кога се случуваат вакви инциденти, должност на Министерот за внатрешни работи е да обезбеди спроведување на законот за сите без дискриминација и да интервенира со професионализам и воздражаност за да се спречи ескалација на насилството. Неспособноста да се направи тоа доведе до опасна криза за мирот и стабилноста во земјата, напишаа интегративците.
Четвртата точка на дневниот ред е за четвртата Интерепелација. Интегративците бараат одговорност и за работата на заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени.
-Заменик-министерот Исени не успа да обезбеди праведно и непристрасно однесување на институцитие за спроведување на законот за текот на инцидените што се случија за време на прославатлта на Денот на албанското знаме. Интервенцијта на полицијта за овие настани беше без преседан и неодговорна, нарушувајќи го правото на граѓаните да прослават едсен важен ден и создавајќи непотребни меѓуетнички тензии, пишуваат интегративците.
Петата интерпелација на дневиот ред на 29. собраниска седница е за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, поднесена од пратениците на Левица.
Во доставената интерпелација до пратениците, пишува:
-Претседателкта на Комисијата за социјална политика, демографија и млади – Илире Даути, во нејзиниот краток мандатен период, започна и продолжува да работи своеволно, несовесно, непрофесионално, а згора на тоа и противправно, противуставно, противзаконски и противделовнички. Даути уште на правата одржана комисиска седница направи преседан кога свесно и злонамерно ги прекрши позитивните прописи на работата на законодавиот дом, пишува во Интерпелацијата.
Во Интерпелацијата е наведено дека Даути несвикала седница по барање на претседателот на Собранието; Не свикала седница по барање на најмалку една третина од членовите на Комисијата; и дека не дозволила да се внесат точки на дневниот ред на седницата на Комисијата;
Претседателката на Комисијата, Илире Даути со блокади и со прекини на седниците ја оневозможи расправата за Предлог на законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства – Законот за бранители, поднесен од СДСМ.