Струмичките пожарникари утринава учествувале во гасењето на опожарен автомобил.
Како што информираат од службата, утринава во 01.00 часот на локацијата викано Двата пата, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило.
-Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше сопрено неговото натамошно ширење, појаснуваат од Струмичката противпожарна служба.
Во моментов во државата, сите пожари се изгаснати, освен пожарот на териорија на Македонски Брод кој покажува се уште одредена активност.