Запален автомобилот на братот на Јаулески, пратеникот вели: Ако ми праќаат порака, не им се плашам

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, вечерва објави дека е запален автомобилот на неговиот брат. Тој вели дека се пронајдени траги кои укажуваат дека пожарот е подметнат, а на наводните напаѓачи им порача дека не се плаши.

„Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил. Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин. Ја испрскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале“, напиша Јаулески на Фејсбук, објавувајќи и фотографии и снимки од инцидентот.

 

 

„Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам. Не се плашиме затоа што немаме зошто“, вели Јаулески.

Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели, затоа ова не може да се разбере никако поинаку освен обид за заплашување преку испраќање ваква кукавичка порака. Ама напротив, ниту ме заплашивте ниту ова ќе остане така. ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ! Ќе одиме до крај и ќе видиме каков проблем има и кој има. Со ова ме правите поодлучен и посилен уште повеќе да се борам против оваа криминална власт да си замине наскоро. Правда ќе има, ова не се заборава! Бидете живи и здрави“, пишува пратеникот во објавата.

Претходна вестАктивни 11.727 Ковид случаи, според надлежните, вакцинацијата е најдобра заштита
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Криминалната коалиција ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони