Намерно е запален приватниот автомобил на јавната обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп, Марјана Илиеска, објави Обвинителството. Веднаш по настанот, извршен е увид на самото место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејства за откривање сторител на кривичното дело.
Според првичните сознанија, како што информираа од Обвинителството, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запаливо средство и го запалиле предизвикувајќи материјална штета.
Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.