Околу четири часот утрово во скопската полиција било пријавено дека на улицата „Христофер Жефаровиќ“ биле опожарени автомобил „фолксваген пајтон“ со скопска регистрација и „фолксваген туарег“ со светиниколска регистрација, и двата во сопственост на 28-годишниот И.Ф. од Скопје.
Таткото на сопственикот на возилата С.Ф.(54) се обидел да го фати лицето за кое се сомнева дека ги запалило возилата, но тоа испукало еден куршум од пиштол и избегало.
Повредени во настанот нема, а увид на местото извршиле службеници од полициската станица во Гази Баба од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.