Неколку возила се изгорени во пожарот кој избувнал околу пет часот изутринава на паркингот во скопската општина Кисела Вода. Огнот, за кој се уште не е познато како избувнал, најмногу зафатил две возила, а оштетен е уште еден автомобил. Опожарувањето се случило на улицата „Христо Татарчев“ во населбата Расадник.
Екипи на противпожарната бригада веднаш пристигнаа на лице место и го изгасна пожарот.
Поради професионалноста и брзината на пожарникарите, беше спречено дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета.
Повеќе детали за пожарот се очекуваат во текот на денот.