Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани, соопшти денеска Царинската управа на Македонија.
Се наведува дека се запленетите возила од различни марки. Меѓу нив, четири се марка „Мерцедес“, три се марка „Ауди“, две се марка „БМВ“, едно патничко товарно возило е марка „Тесла“ и др. Сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Македонија повеќе од 6 месеци.
Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.
-Граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија. Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото.