Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра.
Имено, на 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани.
На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија.
Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о илјади евра за кои немале никаков документ за потекло.