Запленети 47 папагали на граничниот премин Табановце

Спречен е обидот на еден српски државјанин да внесе во земјава 47 папагали без да ги пријави, соопшти Царинската управа.

Како што информираат, царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале осомничениот дали има нешто да пријави. Иако тој одговорил дека нема, поради сомневање, извршиле детален преглед на возилото и во багажникот откриле кафези со папагали.

-Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, каде што папагалите се соодветно згрижени, информираат од Царинската управа.

Претходна вестНоќеска две сообраќајки: Малолетен пешак тешко повреден на бул. „8 Септември“, двајца повредени на бул. „М. Теодосиј Гологанов“
Следна вестМицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ се мери рејтингот на тројца за претседателски кандидат