Фудбалската федерација на Македонија денес ги пушти во продажба на билетите за натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 и пријателскиот меч против Фарски Острови. Цената на билетите се движи од 200 до 300 денари.
На 23 март (четврток), македонската репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Четири дена подоцна, на 27 март (понеделник), во пријателски натпревар во Скопје ќе гостува селекцијата на Фарски Острови.
-Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Малта и натпреварот Македонија – Фарски Острови се одвива исклучиво преку продажната мрежа на (MkTickets). Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Поради нефункционалност на читачите за билети на Националната арена, за двата натпревари нема да има онлајн продажба и електронски билети, објави ФФМ
Цената на билетите за Северна трибина: Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 е 200 денари; За Јужна трибина: Блок 1, 2, 5 и 6 е 200 денари, Блок 3 и 4 по цена од 300 денари.