Започнува УЕФА ЕУРО 2024 – отвораат Германија и Шкотска

Вечерва со натпреварот од 21:00 часот започнува најголемиот фудбалски спектакл на Стариот континент, а 24 репрезентации ќе се борат за престижниот трофеј. Европското првенство започнува со натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска. Домот на Баерн Минхен „Алијанц Арена“ ќе биде домаќин на отворањето на 17. Европско првенство кое ќе се игра од 14. јуни до 14. јули за кога е закажано големото финале.

Титулата ја брани Италија која славеше пред три години во финалето против Англија по подоброто изведување на пенали. Натпреварите се играат во 10 градови, а секој стадион има посебна приказна. Од Берлин, преку Минхен, Дортмунд, Штутгарт, Гелзенкирхен, Франкфурт, Хамбург и Дизелдорф се до Келн и Лајпциг.

На ЕП во Германија ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи. Двете првопласирани селекции од шесте групи, плус четири третопласирани со најдобар скор ќе ги продолжат мечевите во осминафиналната, нокаут рунда.

Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија

Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија

Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија

Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција

Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина

Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка

Вкупно ќе биде одигран 51 меч. Групната фаза почнува на 14 јуни, осминафиналните натпревари се на 29 јуни, четвртфиналните на 5 и 6 јули, полуфиналните на 9 и 10-ти, а финалето е на 14 јули.

Првиот дел од натпреварувањето се состои во натпревари од шест групи со по четири тима, двете најдобри репрезентации поминуваат во нокаут фазата (осминафинале).

Најуспешни селекции на Стариот континент се Германија и Шпанија кои освојуваа по три титули, а Германија трипати играше во финалето (1976, 1992 и 2008 година).

Натпреварите ќе се играат во 10 града и на 10 стадиони. Во Берлин (71.000 места), Келн (43.000), Дортмунд (62.000), Дизелдорф (47.000), Франкфурт (47.000), Гелзенкирхен (50.000), Хамбург (49.000), Лајпциг (40.000), Минхен (66.000) и Штутгарт (51.000).

Претходна вестБеса ги објави имињата на кандидатите за идни министри во новата влада
Следна вестГодишна завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“