Заради гласна музика казнети сопственици на хотели во Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово, чии полициски службеници изминатиот викенд за прегласна музика санкционираа неколку угостителски објекти во Тетово, повторно апелира до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во своите локали или свират музички групи.

– Во спротивно, тие ќе се соочат со законски предвидените поднесоци и со парична глоба, која во согласност со член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир се движи од 50 до 100 евра во денарска противвредност за физичко и од 50 до 6.000, односно 10.000 евра за правно лице, во зависност од неговата големината и плус од 50 до 500 евра за одговорното лице, соопшти СВР Тетово.

Од таму ги потсетуваат угостителите исто така да не дозволуваат престојување малолетници по законски предвиденото време, ниту нивно послужување со алкохолни пијалаци, а за што може да бидат и кривично гонети.

Претходна вестДенеска од 18.30 часот посебен режим на сообраќај во Скопје
Следна вестЕпидемиолог Даниловски: Зошто надлежните не им дадоа препораки на граѓаните како да го заштитат здравјето