Заразени се 15% од тестираните, 8 починати за 24 часа и уште 5 од претходно

Во последните 24 часа во Македонија починале 8 лица, потврдени се 421 нови случаи на коронавирус, и оздравени се 395 пациенти.

Направени се 2.900 тестирања.

Од осумте починати, три се од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно починато лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година: 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.

Претходна вестПарична помош за семејствата на загинатите во тетовскиот пожар од Скопје, градот изграден со солидарност
Следна вестНи претстои уште еден дождлив ден