Зарем само со статистика до безбедноста на сообраќајот?

Колумна на Пеце Лозанов:

Останува ли Македонија црна точка на балканските патишта, според безбедноста на патиштата? Почетокот на оваа година започна доста тешко на нашите улици, секојдневниот број на тешки сообраќајни незгоди и зголемениот број на повредени и загинати лица не прави една од најризичните земји на Балканот. Тоа повлекува и прашање дали доволно се превземаат мерки за спречување или намалување на сообраќајните незгоди или дали воопшто некој се грижи за граѓаните и нивната безбедност? Нели сите ветувања беа дека државата ќе ја направиме уредена, со добри сообраќајници, зелена, наменета за велосипедисти со велосипедски патеки, ама властите како да забораваат веднаш што седнат на фотељата, тие единствено што прават е сина или црвена држава.

Кој е одговорен за спроведување на целите и причините на властите? Кој е движечката сила зад нивниот успех? Одговорот е јасен – вработените. Тие се оние кои преземаат различни задачи за да ги исполнат должностите и обврските што им ги доделуваат институциите. Или тоа се тие предизборни ветувања од стручни кадри кои ќе ја водат државата, но никако да пристигнат тие стручни лица кои ќе се грижат за безбедноста во сообраќајот! Или, поминаа изборите, поминаа и ветувањата. Затоа, од најголема важност е властите да се грижат за безбедноста на своите граѓани на патиштата.

Со оглед на тоа што сообраќајните несреќи одземаат 150 животи секоја година на македонските патишта, императив е да се преземат проактивни чекори за да се даде приоритет на безбедноста во возењето. Исто така и искусни вработени на клучни позиции кои ќе работаат совесно и одговорно. Или ќе остануваме ли на статистиката на колку возачи биле казнети претходната вечер, како најголем успех во безбедноста на сообраќајот. Граѓаните се соочуваат со различни ризици додека патуваат на работа, вклучувајќи несовесни возачи, лоши услови на патот, густ сообраќај и потенцијални одвлекувања. Со ширење на свеста за сообраќајните правила и промовирање на практики за безбедно возење, може значително да се намалат веројатноста за несреќи и да ги заштитиме граѓаните. Останува да се надеваме дека во иднина конечно ќе започнат да се вработуваат стручни и обучени кадри на клучните позиции за безбедноста на граѓаните особено сообраќајот, бидејки секој ден сме дел од него како пешаци или возачи.

Претходна вестПочина американскиот војник што се самозапали пред израелската амбасада во САД
Следна вестПочинат маж пронајден на улица во Скопје