Заседаваат антикорупционерите, ќе се открие ли „црешата на шлагот“ за случаите „Бехтел и Енка“ и „Лотарија“?

Седница денеска треба да одржи Државната комисија за спречување на корупцијата, а што ќе биде една од последните пред истекот на мандатот на 7 февруари. На дневен ред, како што соопшти ДКСК, се Предлог-записник од 97-ма седница на ДКСК одржана на 27 декември 2023 година…

-На дневен ред се и пријави од укажувачи, а членовите на ДКСК ќе информираат и за постапување по конкретни предмети, се наведува во соопштението.

Останува да се види дали антикорупционерите денеска ќе објават и што сработиле во случајот со државниот договор за изградба на автопатиштата во Македонија со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Прва антикорупционерка Билјана Ивановска неодамна најави дека за тој случај медиумите ќе бидат информирани кон крајот на месецов.

-Црешата на шлагот ќе бидат големите предмети што се однесуваат на „Бехтел и Енка“ и „Лотарија“, изјави на 12 јануари претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Потоа, на 17 јануари, во настапот на телевизија Телма та рече дека ќе има став и за другите случаеви.

-На последната седница на Антикорупциската комисија ќе ги „отвориме картите“ за „Бехтел и Енка“, „Лотарија“, како и за случајот со опремата на „Трансмет“, најави тогаш Ивановска.

Таа рече дека во случајот „Бехтел и Енка“ биле сконцентриани околу изборот на надзорот.

– Случајот „Бехтел и Енка“, како што знаете е насочен кон изборот на надзор.  За „Бехтел и Енка“ почнавме да реагираме уште на почетокот со донесувањето на Законот во Собранието, реагиравме, дадовме иницијатива до Уставниот суд што ни ја отфрли, постојано имавме свој став, а последното што се случи беше изборот на надзорот, на тоа се сконцентиравме и тоа ќе го обелодениме, најави Ивановска.

Претходна вестСобранието треба да избере нов спикер, а Пендаровски да го предаде мандатот за формирање на техничка влада
Следна вестПешаците вчера стасале до 96 казни, изречени вкупно 194 мерки