Засега нема најава за рестриктивни мерки, надлежните велат дека ситуацијата е под контрола

Во земјава во моментов има 4.043 активни случаи на коронавирус, откако вчера беа потврдени 137 новозаразени.

Според податоците на Министерството за здравство, досега како последица на вирусот починале 442 лица, а оздравени се 5,071 од вкупно 9.547 заразени од почетокот на пандемијата.

Министерот за здравство, Венко Филипче  изјави дека ситуацијата е под контрола и нема потреба од рестриктивни мерки.

„Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, нема индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува. Ситуацијата е стабилна, епидемиолошката состојба ја имаме целосно на увид“, вели министерот.

Во моментов во болниците низ државата хоспитализирани се 400 пациенти. Во однос на тоа, министерот смирува дека бројот е константен подолг временски период. Тој рече дека состојбата се менаџира соодветно и епидемиолошката состојба ја имаат целосно на увид.

Досега во земјата се направени вкупно 89.703 тестирања на ковид -19

Претходна вест„О2“: Побрзо Марс ќе се насели, отколку ние да имаме систем за отпад, граѓани пријавувајте во ЈО!
Следна вестСончево и топло со температура до 37 степени