Почина јапонскиот екс премиер Шинзо Абе откако беше застрелан на изборен митинг

Лекарите не успеа да му го спасат животот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе откако денеска беше застрелан на изборен митинг во градот Нара. Шеесет и седумгодишниот Абе бил застрелан одзади и лекарите кажаа дека раната била толку длабока што допрела до срцето.

-Лекарите четири и пол часа се обидуваа да му го спасат животот на Абе. Притоа беа искористени над 100 единици крв. На телото на Абе се пронајдени две рани, но куршуми не се најдени за време на операцијата, соопштија од Универзитетската болница во Нара.

Полицијата го упасила атентаторот кој не се обидел да избега. Се работи за поранешен припадник на јапонските маринци, при што наводно пукал со пиштол од домашно производство. Четириесет и едногодишниот Тецуја Јамагами ѝ рекол на полицијата дека бил незадоволен од Абе и сакал да го убие.

Абе беше премиер со најдолг стаж во историјата на Јапонија. Првпат беше избран во 2006, кога остана на функцијата една година, а потоа беше премиер од 2012 до 2020, кога се повлече од здравствени причини. Тој е првиот убиен актуелен или бивш јапонски премиер од 1930-ите.

-Тој држеше говор и еден човек дојде од зад него и испука најмалку два куршуми. По вториот куршум, обезбедувањето го опкружи Абе и презеде мерки за реанимација, изјави една жена очевидец.

В недела во Јапонија се одржуваат избори за Горниот дом на парламентот, на кои се очекува партијата на Абе – ЛДП да однесе јасна победа.

Претходна вестНа блокадите по Македонија, се побара власта да каже „Не“ за францускиот предлог
Следна вестСДСМ: Протестите не се против францускиот предлог туку неуспешен обид за рушење на Владата