Застрелан словачкиот премиер Роберт Фицо, однесен во болница

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова каде се одржувала седницата на владата. Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан.

Во првичните информации се наведува дека премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.

Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава. Напаѓачот е уапсен на лице место.

Во октомри минатата година Роберт Фицо по четврти пат стана премиер на Словачка. Тогаш партијата на Фицо Смер – победи на изборите и формираше коалиција со централно-левичарскиот Глас и Словачка национална партија.

 

Претходна вестНавистина ли ЕУ е несериозна околу проширувањето или само така им се чини на 47 проценти од македонските граѓани?
Следна вестПолицаец со пендрек претепал лице кое го приведувал