Застрелани двајца Македонци во Грција, едниот починал

Двајца Македонци утрово затрелани во Халкидики, Грција. Крвавиот инцидент се случил околу 3.30 часот, во нивната изнајмена соба, откако непознати мажи со качулки на главата им влегле во собата и пукале во нив.

Во едниот, на возраст од 39 години, испукани најмалку 20 куршуми и починал на лице место, јавуваат грчките медиуми. Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос. Медиумите пренесуваат дека починатиот е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино.

Полицијата во Полигирос спроведува прелиминарна истрага.

Претходна вестНовак продолжува да ја менува историјата на тенисот, собори уште еден нереален рекорд, за Ѓоковиќ само небето е граница!
Следна вестПознат идентитетот на убиениот македонски државјанин во Грција