Ноќеска полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, општина Боговиње, сопственост на А.А.(30) од село Боговиње.
При контролата, извршена од 22 до 1 часот по полноќ, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите од кои 14 странски и четири македонски државјанки. За 11 странски државјанки, од коиосум од Албанија, две од Косово и една од Украина, било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Во СВР Тетово бил извршен разговор со сопственикот и ќе следува соодветна пријава. Од ДПИ, исто така, ќе бидат преземени мерки по член 206 од Кривичниот законик.