Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица.

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.

-Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран, велат од МВР

Претходна вестДимитриеска Кочоска: Поддршката од 250 милиони евра ќе ја добијат фирми кои ќе инвестираат
Следна вестВладата замрзна 252 милиони евра за „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар-Букојчани