Затворени двете мензи во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, се затруле 41 вработен

Затворени се двете мензи во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола откако кај вкупно 41 лице од четвртокот до денес се појавиле симптоми за труење со храна. Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера ја затвори втората менза, додека првата беше затворена уште во четвртокот по појавата на симптоми кај дел од вработените.

Работниците кои се затруле со храна побарале помош во дневната амбуланта на Инфективното одделение во битолската општа болница, но ниту еден не бил хоспитализиран.

Заедничко за сите затруени е што конзумирале иста салата со краставица, домат и пченка.

Инспекторите зеле примероци и од работните површини во кујните, како и од оброците по што треба да се утврди причината за труењето на работниците во фабриката Кромберг и Шуберт во Битола.

Претходна вестСончево, попладне пороен дожд
Следна вестПатарини низ Македонија, Србија и Албанија ќе се плаќаат со еден уред