Затворено градилиште позади Универзална сала

Синоаќ е затворено е градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала, информираат од скопската општина Центар.

-Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Во соопштенеито се додава дека инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели.

-Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење, се додава во соопштението.

Појаснуваат дека по извршениот увид од страна на градежен инспектор од Општина Центар, градилиштето вчера наутро било затворено. Инвеститорот попладнето сам си ја отстранил заштитната инспекциска лента и продолжил со градење.

Претходна вестДецата неповратно ни заминуваат во странство, властите пред се мислат за своите деца
Следна вестУдрил со возило во 62-годишна жена па избегал