Затворски казни од година и три месеци до 5.5 години за велешаните кои сексуално злоставуваа малолетничка

Затворски казни од година и три месеци до 5.5 години казна затвор се изречени денеска на 12 велешани во Кривичниот суд за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал со дете-жртва. Жртвата на полово злоставување било 15-годишно девојче во Велес.

Сите се на возраст помеѓу 20 и 30 години.

На С.Д. му беше изречена казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. беа осудени на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. добија казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., се осудени на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а на обвинетиот Б.К. изречена му е условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку следните 5 години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор.

Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.

 

 

Претходна вестГрад Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски