Завршена е истрагата за Љупчо Палевски, обвинителство ќе предложи спојување на постапките за обвинетите за убиството на Вања и Панче

Завршена е истрагата за Љупчо Палевски-Палчо кој е првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Како што информираат од Обвинителство, по завршената истрага започнува да тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите.

Јавен обвинител ќе предложи и спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за бидејќи како шо велат оттаму, постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка.

-Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети, информираат од Обвинителство.

Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено.

Претходна вестБајден: Решив да го предадам факелот, тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација
Следна вестПронајдено женско тело во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“