Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија

Завршена е санацијата на средниот столб и на главните носачи на Железничкиот мост на Црна Река, во близина на Стоби, а утре  во периодот од 11 до 14 часот ќе се изврши пробно испитување-пробно товарање на мостот.

-Очекуваме се’ да биде во најдобар ред со носивоста на мостот и ќе се направи технички прием, по што  планираме утре попладне повторно да го пуштиме товарниот сообраќај на релација Скопје-Гевгелија кон Солунското пристаниште и обратно кон земјите од средна Европа.Воедно патниот сообраќај кој од 14 ноември кога се случи оштетувањето на столбот досега се одвиваше континуирано со воз и автобус и преместување на патниците од утре попладне ќе биде само со воз на релација од Гевгелија преку Велес за Скопје и обратно, информира за МИА, Никола Марков од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Првиот воз без преместување на патниците, а само со воз ќе биде оној кој од Гевгелија за Скопје поаѓа во 16,20 часот утре попладне.

Од 15 ноември и се уште  патничкиот железнички сообраќај  се изведува комбинирано,  од Градско до Неготино и обратно патниците се превезуваат со автобус, додека од Скопје до Градско и  од Неготино до Гевгелија се воз.

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 ноември минатата година поради оштетување на столбот. Изведувачот на градежните работи фирмата „Синтек инженеринг“ од Скопје која ги започна работите на 29 ноември  со рок од 45 дена ги заврши една недела предвреме.

Претходна вестМВР за „случајот Тасевски“: Добиена е пријава од раководни лица во МНАВ за закани кон нив
Следна вестТасевски: Нема да не исплашат, не исклучуваме и тотално затворање на воздушниот сообраќај