Нови 30 дена домашен притвор но и нова истрага за направени злоупотреби доби поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири. Судот му го продолжи притворот имајќи ја предвид неговата здравствена состојб но поради тоа што Обвинителството за гонење на организиран криминал во својот предлог навело и дека тој се сомничи за сторено уште едно кривично дело. Се работи за сомнежот дека е извршена злоупотреба на службената положба.
Обвинителството за органииран криминал барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата. Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.
-Поради тоа потребно е истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности, стои во одлуката на Апелациониот суд кој го цитира барањето на обвинителството.