Зеќири сам дојде на распит во судот

И покрај побараното приведување, сега веќе поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири сам дојде во судот, заедно со адвокат.

Зеќири, кој е поранешен новинар не сакаше да одговори на новинарските прашања, туку влезе во судот и ги избегна новинарите.

Попладнево, за него е издадена наредба за приведување.

-Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, изјавија од судот.

Од Обвинителството велат дека предлогот за притвор го испратиле вчера.

-Наредбата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, при што надлежниот обвинител издаде повеќе наредби за собирање докази. Во текот на вчерашниот ден беше комплетирана документацијата и јавниот обвинител ја донесе во попладневните часови донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Наредбата, заедно со предлозите за определување на мерката притвор веднаш беа доставени до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје согласно надлежноститена поматамошно постапување, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Откако Обвинителството објави дека се води истрага против него, Зеќири преку социјалните мрежи поднесе оставка до премиерот Димитар Ковачевски од функцијата генерален секретар на Влада.

Претходна вестЗошто денеска се сечеа дрвја во Аеродром, Арсовска ќе одговори следната недела
Следна вестЗекири заврши во притвор