Зеленски: Добивме 3 милијарди евра од ЕУ

Украина ја доби првата транша во износ од 3 милијарди евра од европската помош во вкупна вредност од 18 милијарди за 2023 година, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

– Украина ги доби првите три милијарди евра од новата макрофинансиска програма вредна 18 милијарди евра за поддршка на украинската економија, изрази задоволство Зеленски на Твитер.

Тој им се заблагодари на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и земјите-членки за нивната „цврста поддршка“ за Киев речиси 11 месеци по почетокот на руската инвазија.

Во средината на декември, Европската унија гласаше за оваа нова финансиска помош за Украина по тешките преговори меѓу земјите-членки.

Претходна вестТемпературите во овој град паднаа до минус 50 Целзиусови
Следна вестРеконструирани три спортски игралишта во парк шумата Гази Баба