Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за воведување санкции за уште 690 лица и организации од Русија.
Според документот објавен на веб-страницата на украинскиот претседател, воведени се санкции за голем број руски спортисти, како и за руски интернет пребарувачи, како што се „Рамблер“ и „Јандекс“, објави „Киев Индипендент“.
На 1 април, Зеленски воведе санкции за 650 поединци и организации за „работа во корист на руската агресија“, како и за оние поврзани со руската воена индустрија.
„Никој што им помага на терористите, работи за нив, снабдува или прави оружје за терор, нема да ја избегне одговорноста – рече тогаш Зеленски