Земале државна помош, а не им давале плата на работниците – за два месеци откриени 60 такви фирми

Над 60 фирми се откриени во декември и јануари кои ги злоупотребиле државните субвенции за плати, а некои воопшто не ги исплаќале своите работници или им давале под минимумот.

Ова го откриле контролите на Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд.

На сите нив им се изречени опомени, во рок од 15 дена да ги исплатат работниците.

Една фирма со 10 вработени е казнета со 200 евра, и одговорното лице со 150 евра, бидејќи и по опомената не му неисплатила плата на еден вработен.

Фирмите се од дејностите подготовка и служење храна, трговија на мало, туристички агенции, градежништво… Шеснасет фирми не го исполнувале условот за добивање финансиска поддршка поради намалување на приходите, а седум отпуштиле вработени повеќе од законски утврденото во месеците откако е доделена помошта. Освен што компанијата треба да ја врати добиената помош во целост и со камата, работодавачот кривично ќе одговара.

Претходна вестПроф. Стојановска: На повидок се големи – големи проблеми во реализација на предложената настава
Следна вестПроф. Русевска: Предметите физика, хемија, биологија и географија да постојат како одделни предмети