Фонтаната во подножјето на спомен-обележјето за егзодусот на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена-борец“ не работи. Долниот дел на споменикот во кој порано жубореше водата е одамна исушен.
Дали е во прашање дефект, редовен сервис или нешто друго не е познато. Но, како и да е, фонтаната би требало што побрзо да проработи бидејќи без неа спомен-обележјето е девалвирано како место за сеќавање на трагичните настани.
Можеби надлежните имаат и други планови. Можеби и ним, како во случај на општина Аеродром, им излегува нерентабилно да се одржува фонтаната, како во случај на онаа во близина на трговскиот центар „Бисер“, па ќе ја затрупаат со земја во која ќе се насадат цветни аранжмани. Така направи општина Аеродром.
Но, ако тргнат така да ги „решаваат“ фонтаните низ Скопје…