Земјотрес ја погоди Србија, се стресе тлото кај Краљево

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди подрачјето на Краљево, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот се случил во 18:54 часот, соопшти ЕМСЦ.

 

Епицентарот бил на околу 26 километри југоисточно од Краљево.

На веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод е наведено дека земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Баљевац на Ибар.

Претходна вестНа Табановце за излез од Македонија се чека околу половина час
Следна вестПешак тешко повреден во Скопје