Земјотрес почувствуван во Струга и околината

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот во југозападниот дел од државата.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 119 километри југозападно од Скопје, односно во соседна Албанија.

Претходна вестВо Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот
Следна вестТрипуновски обелодени скандал во земјоделството: Голем дел од инвестициите воопшто не биле исплатени