Земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтер во Грција

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран во 7 часот и 52 минути по локално време, на 96 километри од градот Патра, со епицентар на длабочина од околу 9 километри.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

Претходна вестНово утро во смог и отрови, Скопје во топ 10 најзагадени градови во светот
Следна вестДимитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј