Земјотрес со јачина од 3,5 степени го стресе охридско

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија. Земјотресот, според податоците на ЕМСЦ, се случил во 14 часот и 7 минути по локално време, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел кратко, но дека го почувствувале.

Претходна вестДУИ: Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на ВРЕДИ се множат со нула
Следна вестНа Токсикологија спасен пациент каснат од „црна вдовица“