Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Бугарија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди Пловдив и Асеновград.

Земјотресот е регистриран во 20 часот и 24 минути, со епицентар на околу 6 километри северно од Асеновград и на околу 16 километри југоисточно од Пловдив, на длабочина од 12,5 километри според последните податоци.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Земјотресот се почувствувал на високите катови во станбените згради во Пловдив и луѓето излегле на улиците, јавува БНР.бг.

Претходна вестИлиев по само четири месеци се раздели со Сараево
Следна вестВремето денес сончево и топло со мала до умерена облачност