Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди автономната област Ксинџијанг во северозападна Кина, а засега нема информации за жртви, соопштија локалните власти.
Земјотрес утринава го погоди градот Кука во префектурата Аксу во Ксинџијанг и се случи на длабочина од 15 километри, покажуваат податоците на Центарот за земјотреси во Кина, пренесува Ксинхуа.
На 50 километри од епицентарот на земјотресот нема населени места или села, а според локалните власти не е забележана материјална штета.