Полицијата во Италија казни 103-годишна жена која е фатена како вози со истечена возачка дозвола.
Полицајците примија повик околу 1 часот наутро кога е приметено дека возило чудно се движи во центарот на Бонден, град со околу 13.000 жители.
Полицајци веднаш пристигнале на лице место, и беа крајно изненадени кога виделе дека со возилото управува 103 годишна жена.
Нејзината возачка дозвола истекла пред ве години. Во Италија возачите постари од 80 години мораат да минат лекарски преглед секоја година за да ја обноват возачката дозвола.