Жена падна во автобус, со тешки повреди е пренесена во болница

Шеесет и петгодишна скопјанка се здоби со тешки повреди при пад во автобус.

Според информациите од полицијата, автобусот нагло закочил откако возило му го попречило движењето на улицата Ѓорче Петров.

„При сопирањето, во внатрешноста на автобусот паднала патничката В.Т.(65) од Скопје која е пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Претходна вестСоветничка група на ВМРО ДПМНЕ: За диносаурси и лампиони Шилегов троши над пола милион евра
Следна вестРегистрирани 990 новозаразени, починаа 24 лица