Жена пешак загина во сообраќајка на патот Струмица – Валандово

Жена пешак загина во сообраќајна незгода што се случила доцна синоќа во струмичко, информира полицијата.

МВР соопшти дека вчеравечер во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско.

-По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Претходна вестНа Ќафасан спречен шверц на 53,3 кг. марихуана, крајна дестинација била Македонија
Следна вестИзлезност до 11 часот: На претседателските избори 12,87 отсто, на парламентарните 13,69 отсто