Жена на возраст од 65 години е тешко повредена при симнување од автобус во Скопје, информира полицијата.
Настанот е пријавен вчера во 12.30 часот во СВР Скопје, а се случил на улица .„Втора Македонска Бригада“.
-При симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.