Жичарницата на Водно од денеска ќе работи од 10 до 17 часот

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи по зимски  режим, односно, од 10 до 17 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

-Во период 16 до 16:30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот, односно, во 16:45 часот од врвот надолу, информираа од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП).

Ова работно време ќе се применува до март 2024 година.

Од ЈСП Скопје информираат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичарницата.

Претходна вестГореше куќа во Чаир, три лица завршија во болница
Следна вестАмерикански командоси се на терен во Израел и помагаат на израелската армија