Жичарницата на Водно утре нема да работи

Утре (22.09.2022 година) Жичарницата на Водно нема да работи поради редовен годишен технички преглед, а редуцирана ќе биде и автобуската линија 25 (Транспортен центар – Средно Водно), соопшти денеска ЈСП „Скопје“.

Автобуска линија 25 утре ќе има следен возен ред: од Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч. и од Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.

Од петок  Жичарницата и линијата 25 ќе продолжат со редовна работа

 

Претходна вестСДСМ: Мицкоски го пушта во јавност дезертерот и фалсификатор Ковачки да шири невистини
Следна вестЛевица: Млекопроизводителите оставени без субвенции од Николовски