Жител на скопско со воздушна пушка убил куче-миленик

Жител на скопското село Бразда вчераутро пријавил дека неговото куче-миленик угинало откако било застрелано со воздушна пушка во селото, соопшти полицијата.

-На 07.04.2023 во 07.30 часот во СВР Скопје, И.А.(42) од с.Бразда, скопско, пријавил дека на 06.04.2023 околу 19.30 часот во селото, едно лице со воздушна пушка го застрелало неговото куче – домашен миленик, кое подоцна починало, пишува во полицискиот билтен.

Се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестХорор во Србија: Маж си го убил братот со секира
Следна вестПукање кај поликлиниката Бит Пазар, ранет тинејџер