Жителите на Новаци повторно го блокираа патот до РЕК „Битола“

Втор протест по ред оддржаа денеска жителите на пелагониското село Новаци при што со автомобили и товарни возила го блокираа патот кој од Битола води до термоцентралата РЕК „Битола“. Ова се случува откако минатата недела во тешка сообраќајка загина тракторист при судир со камион кој превезуваше јаглен за РЕК „Битола“. Излезот од ситуацијата за поголема сообраќајна безбедност жителите го гледаат во наоѓање на обиколен пат преку кој ќе се носи увезениот јаглен до РЕК „Битола“

Револтираните мештани и денеска најавија дека со блокадите на патот ќе продолжат и во наредните денови во среда и петок, сѐ додека не се стави ред во сообраќајот на оваа делница.

-Тешко е да живее во селото кога знаете дека по двестотини камиони дневно минуваат низ село, низ куќите, а учениците треба да го поминат патот за да одат на училиште. По сообраќајката во која загина нашиот сосед, работите мора да се менуваат, мора да има постојано сообраќајна контрола на патот од Битола до Комбинатот, а не од време на време, изјавија жители на Новаци кои денеска излегоа во голем број на блокадата на патот.

Мештаните побараа од надлежните поставување на забавувачи на брзина на самиот пат, соодветна сообраќајна сигнализација и опремување на сообраќајците од полициската станица во Новаци со радар и камери.

Претходна вестKосово стана придружна членка на Парламентарното собрание на НАТО
Следна вестОд 1 јуни работници од Западен Балкан ќе работат во Германија без да докажат професионални квалификации