Жителка на Шпанија што ја барал Интерпол на сила држена и силувана во хотел во Струга

Триесет и девет годишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид.

Полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т., која по извршен разговор посочила дека без нејзина согласност била држена затворена во хотелската соба.

Во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со Ш.С.(29) од струшкото село Радолишта, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. Вчера во 21 часот и 30 минути во полициската станица – Струга приведен е Ш.С. и со него извршен е службен разговор.

За случајот, додаде, бил известен Јавен обвинител и по целосното расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПријавете имот и платете данок – глобите се високи
Следна вестЏудо тренерот од Прилеп доби 20 години затвор за полови дејства врз четири девојчиња