Темно Режим Светло Режим

Зибери: Во МВР недостигаат обрасци за пасоши

Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека во МВР недостигаат обрасци за пасоши. Тој најавува дека ќе побараат одговор од МВР зошто се доцни со издавањето на документите.

Зибери тврди дека има недостиг на обрасци за двојазичните патни исправи, но мисли дека има недостиг и на обрасци за другите документи.

– Овие претставки почнаа да пристигнуваат по нова година и ние ќе се обратиме до МВР зошто се доцни со издавање на веќе изготвените, претпоставувам дека се изготвени тие патни исправи и ќе реагираме. Во одредени неофицијални разговори добив информација дека има недостаток на обрасци. Со сигурност тврдам дека има недостаток на обрасци за двојазични патни исправи, но мислам дека има недостаток и на обрасци за други документи, вели Зибери.

Advertisement

Прашан дали планира да се кандидира повторно за претседател, Зибери вели дека не планира и дека се откажал и од можноста да биде премиер во последните три месеци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Во сообраќајката на автопатот Куманово-Табановце загина 49-годишна жена

Следниот Пост

Над 2,6 тони кокаин се најдени во банани, се спомнува и балканскиот картел